Кој е гладен? А кој е најгладен? Ова дефинитивно е десерт наменет само за најгладните.
Every Topping under the Sun-dae е сладолед направен од сите видови на додатоци кои може да ги најдете во продавницата за сладолед ТоpCultured во САД, и е вистинска калорична бомба, но и еден од највкусните десерти на светот.
На промоцијата на овој гигантски сладолел, кој содржи дури 40 видови додатоци, меѓу кои корнети, М&М бомбони, колачи, овошје и многу други вкусни работи, еден од вработените ја имаше честа да го проба, односно да го изеде целиот десерт.
Човекот го преживеа потфатот, и изјави дека овој All inclusive Sundae е навистина најдобриот десерт кој некогаш го пробал во животот. Па, судејќи по изгледот, мора да кажеме дека се согласуваме!!!