Само еден ден пред 30-тиот роденден, Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, се појавила на црвениот килим за премиерата на филмот War Horse и уште еднаш покажа што е вистинска елеганција.
Во тесен фустан покриен со црна чипка, витката Кејт Мидлтон грациозно чекорела по црвениот килим.
Таа бил придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој внимателно ја заштитувал од дождот.
И покрај лошите временски услови, познатата кралска двојка се приклучи на присутните кои таа вечер достигале бројка дури до 600 гости. Голем број на посетители таа вечер се собрале на плоштадот Лестер Одеон во Лондон за да ја проследат премиерата на уште едно ремек дело на Стивен Спилберг, “War Horse”.
Следниот ден Кејт го прославила својот 30-ти роденден со скромна караоке забава. Роденденската забава во стилот на 80-тите за Кејт ја приредила нејзината сестра Пипа и принцот Хари.