Шпанската полиција во неделата соопштила дека пронашла 400 килограми хашиш во комбе на еден мароканец кој полицијата го застанала, откако тој поминал на црвено.
Полицијата соопштила дека мароканецот кој имал 36 години бил уапсен во близина на едно предградие на Мадрид.
„Веднаш кога го застанавме, возачот излезе и почна да трча, но полицајците го ситгнаа и успеаа да го фатат“, стоело во соопштението.
Полицајците потоа го прегледале комбето во кое нашле 400 килограми хашиш вреден околу 566.000 евра.
Во комбето бил пронајден и список на купувачите на дрогата. Шпанија, инаку е главен центар за влез на хашишот во Европа, од Мароко.