Актерот вели дека повредата е најнормална работа кога имаш деца и затоа не гледа ништо чудно во тоа што не можел да го носи своето дете без да се сопне и падне.
Кога Медокс беше мал, паднав и го повредив лактот, ваквите повреди се многу чести така што ни ова не ме зачуди, изјавил Бред Пит (48) кој ја носел ќерката, се сопнал, паднал и ја повредил ногата.
Актерот поради повредата сега оди со бастун за да не ја преоптеретува ногата. Со бастунот се појавил и на доделувањето на филмските награди во Палм Спрингс и бил главна атракција на црвениот килим, нормално придружуван од својата сопруга, Анџелина Џоли.