Неха Нарајан од Нов зеланд, жената која девет месеци ја лажирала својата бременост. Во тоа ги уверила своите најблиски семејството и пријателите, заминала во болница под изговор дека се породува и украла туѓо бебе.
Неха Нарајан (24) била уапсена откако е пронајдена со бебето недалеку од болницата од која го украла. На паркингот од болницата ја чекал партнерот верувајќи дека бебето кое таа го држи во раце е негово.
Родителите на украденото бебе забележале дека жената заминува со нивното бебе. Нарајан е обвинета за киднапирање и пуштена е со кауција. Жената ќе биде изнесена пред суд кон крајот на овој месец.