“Креативниот” Роберт Патинсон има план досадните луѓе да ги стави во затвор :)))

popara11 јануари, 20121min00
Breaking Dawn Premieres In Berlin

Роберт Патинсон се згрозува од досадни луѓе, т.е. тој смислил план како да се ослободи од нив. “Забрана за досадните луѓе. По мое мислење, не постои ништо полошо од тоа. Би требало да ги ставиме во затвор, за со останатите затвореници да научат да бидат креативни”, изјавил ѕвездата на “Самрак”.

Очигледно во последно време друштвото на Патинсон не му одговара, па неодамна изјавил дека би сакал да живее во пуст град. “Јас би нашол некој свој сопствен град и би го нарекол ‘Гомноград’, така што никој нема да посака да живее таму. Но мора да биде убав, барем како островите Фиџи, рај само за мене”, вели Патинсон.