Џорџ Клуни во последно време никаде не оди без својата девојка Стејси Кеиблер. Згодната Стејси потполно го освоила, па актерот гордо ја следи на секој јавен настан. Клуни воопшто нема комплекси и не му пречи што е понизок од својата избраничка, напротив, тој гордо чекори до неа, иако, особено на високи потептици, го надминува речиси за цела глава.
Стејси и Клуни се појавиле на доделувањето на награди National Board of Reviews во Њујорк, каде и актерот профитираше. “Среќен сум што можам да синам нискобуџетни филмови, оние во кои луѓето навистина уживаат. За нив е најважно да заработат пари, не многу, но сепак да има некаков профит, за да можат и понатаму да снимаат”, изјавил актерот.