Кашлањето и го спасило животот! Прочитајте како?!!!

popara12 јануари, 20121min00
ewr3

Клер Озборн, 37 годишна мајка од Британија, не ни помислувала дека боледува од опасен вид на рак на грлото, а се излечила многу едноставно, односно го искашлала, пренесува Дејли Мејл.

Клер добила напад на кашлица при што искашлала необична супстанца. Ниту тогаш таа не обрнала големо внимание, но кога утре дента повторно се искашлала и плукнала цела грутка необична супстанца, таа решила тоа да го однесе на лекар.

Биопсијата покажала дека станува збор за исклучително агресивен и опасен тумор на грлото и устата. Лекарите заклучиле дека во телото на Клер веројатно има канцерогени клетки.

„Бев очајна. Мислев дека ќе умрам, почнав да собирам пари за мојот погреб“, изјавила Клер.

Сепак, се случило чудо, лекарите со новите анализи дознале дека туморот воопшто не се проширил и дека Клер е совршено здрава.

Лекарите веруваат дека со кашлањето туморот се одвоил од ткивото. Доколку Клер не го искашлала туморот, лекарите изјавиле дека тој би се зголемил и би се проширил на други органи.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag