Потребни состојки
1 марула
100 гр печени ореви
2 круши
1 кромид
100 гр. сланина
100 гр. француско сирење рокфор
За прелив:
100 гр. свежи или замрзнати брусници
2 лажички шеќер
30 гр. јаболков оцет
½ лажичка сенф
2 лажички сок од портокал
50 гр. масло за јадење
Сол и црн пипер
Припрема:
Најпрво припремете го преливот. Ставете ги сите состојки за преливот во посебен сад и матете се додека не добиете хомогена смеса.
Кромидот исецкајте го и испржете го на масло за јадење се додека не се карамелизира. Исецкајте ја сланината на парчиња и нејзе пропржете ја на масло за јадење.
Добро измијте и исецкајте ја марулата, крушите исечете ги на долги тенки парчиња и искршете го сирењето на помали парчиња. Во посебен сад ставете го кромидот, сланината, ситно сецканите ореви и сирењето и промешајте.
Во чинија за салата најпрво ставете ја марулата, потоа додадете ги крушките, а одозгора посипете ги измешаните кромид, сланина, ситно сецкани ореви и сирење. Одозгора прелијте ја салатата со преливот од брусница. Добар апетит!