Рај за секој интелектуалец и за тие што имаат мерак за учење :)))

popara15 јануари, 20122min00
gb5789

Универзитетот Кембриџ, Велика Британија

Придонесот на дипломираните студенти од Кембриџ во создавањето на современиот свет е неверојатен – закони на Њутн за движење; разделувањето атоми на Рутерфорд, теорија на еволуцијата на Дарвин, компјутерскиот прототип од Туринг, Крик и Ватсон со нивното откритие на ДНК… Основан во 1209 година, од научниците на Оксфорд кои поднеле оставка по спорот со локалното население, Кембриџ сега брои околу 8000 вработени и околу 19.000 студенти. Тоа е родното место на веб камерата и може да се пофали со фактот дека од таму излегоа голем број на познати личности како актерот Хју Лори, Саша Барон Коен, актерка Тилда Свинтон и Ема Томпсон и режисер Сем Мендез.

Универзитетот Оксфорд, Велика Британија

Дваесет и шест британски премиери, најмалку 30 светски лидери, 12 светци, 20 архиепископи се најдобрата препорака за овој универзитет. Студентскиот живот практично е дизајниран во Оксфорд, во 13-тиот век. Третиот најстар универзитет во светот нуди избор од 38 колеџи и шест постојани домови за 12.000 студенти. Негови ученици биле Оскар Вајлд, ЏРР Толкиен, и Австралискиот медиумски магнат Руперт Мардок и актерите Хју Грант и Кејт Бекинсејл.

Универзитетот во Единбург, Велика Британија

Во 1582 година кога Шкотска го добила четвртиот универзитет, Англија имала само два. Денес, брои над 24.000 студенти – три пати повеќе од вработените – и годишен обрт од над 400 милиони фунти. Единбург со седум кампуси е дом на студентите по медицина со вредност од 40 милиони фунти. Меѓу дипломците е писателот Артур Конан Дојл.

Универзитетот во Виена, Австрија

Најстариот универзитет во светот чиј официјален јазик е германски, основан во 1365 година, обезбеди извонреден придонес во медицината на 20-тиот век, давајќи пет добитници на Нобелова награда. Меѓу нив се Ервин Шродингер, пионер на модерната механика, и Фридрих фон Хајек, економист. Два технолошки универзитети (католички и протестантски) се само дел од понудата од 19-те универзитети кои бројат околу 85000 ученици.

Универзитетот во Барселона, Шпанија

Годишно, околу 2000 студенти и 450 доктори на науки ги добиваат нивните степени на овој универзитет, кој брои околу 91.000 студенти, кои ги учат повеќе од 4000 професори.

Ecole Polytechnique, Париз, Франција

Според прекарот X, водечката француска високообразовна инженерска институција се наоѓа на само 15 километри од Париз. Таа е основана од страна на Наполеон Бонапарта и се уште има траги од воената историја. Брои околу 2000 студенти и 660 професори, тоа е совршениот пат кон повисоките кругови на француското општество.

Швајцарскиот сојузен институт за технологија, Цирих, Швајцарија

Не треба да сте Алберт Ајнштајн за да учите овде – секој граѓанин на Швајцарија кој ја положил матурата е пожелен овде како студент. ETH Zurich (Сојузен Политехнички институт, основан во 1855 година) брои околу 15000 студенти распоредени во 16 факултети. Ајнштајн ја добил неговата диплома овде во 1901 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag