Фотографот кој Линдзи Лохан го удрила со автомобил поднел тужба против актерката, тврдејќи дека Линдзи со овој потег се обидела да го убие.
Глигор Балијан раскажал дека проблематичната актржерка во јануари 2010 година го удрила со автомобил пред ноќент клуб во Холивуд.
Во оваа нереќа таа му ја скршила раката и уништила опремата, а Балијан тврди дека покрај физички повреди доживеал и психички и поради трауми посетувал психијатар.
“Сакав да ја фотографирам , но таа се обиде да ме убие, така што ме удри со автомобилот. Се смееше додека лежев на патот”, наведено е во тужбата која фотографот ја поднел против Линдзи во Лос Анџелес, а сеуште не е познато колкава оштета бара од Линдзи.