Многу едноставна, но ефикасна промена во диетата може да ви помогне и за добро расположение. Првиот ден ограничете ја исхраната. Подобро е ако сосема успеете да не јадете, а да консумирате само чај и вода. По време на вечерата на овој тежок ден не заборавајте да се почастите со мала ужинка која ќе се состои од неколку лажици овесни јадки со јогурт. Една банана е дозволена како десерт. Ова не треба да биде покасно од 18 часот.
Наредниот ден наутро се пие само чај со мед. За ручек салата по избор со маслиново масло, печена риба со малку пире и зеленчук на пареа. За вечера се јаде варен ориз со многу малку сол. Третиот ден повторно го започнувате со чај, ручекот е печена риба со салата, а вечерата овесни јатки со јогурт. Ако целта ви е слабеење тогаш треба да се повтори ова три пати, што значи вкупно 9 дена.
Ваквото намалување на храната, што всушност и не е вистинска диета, бидејќи трае само 2-3 дена, но сигурно ќе доведе до емоционален комфорт и оптимизам.