Помеѓу Аргентина и Чиле се наоѓа најдлабокото езеро во Јужна Америка, General Carrera. Особеноста на ова „парче накит“ е блескавата вода која од палетата бои ги има тиркизната, зелената, а содржи аквамарин, емералд и азур. Едноставно, во овој предел ќе ви биде тешко да ја разликувате линијата меѓу водата и небото.
Веднаш под Андите, се наоѓаат чисти мермерни карпи кои со текот на времето се таложеле и станале основа за прекрасна мермерна катедрала. Езерото има должина од 200 км а длабочина од 250 метри. Се проценува дека огромните мермерни делови тежат околу 5000 милиони тони и се состојат од калциум карбонат. За овој регион важи влажна и студена клима, но за среќа, езерото покрај Сонцето ужива микроклима.
Доколку сакате да го посетите овој феномен, донесете моментална одлука…Прекрасното огледало кое ја рефлектира мермерната убавица Ве очекува во секое време од годината.