И покрај големите контроли, рестрикции и цензури, бројот на интернет корисници во Кина постојано расте, а светските агенции пренесоа дека сега таа бројка изнесува 513 милиони корисници. Според податоците од декември, бројот на интернет корисниците во Кина се зголемил за 12% од минатата година.
Бројот на оние пак кои се приклулчуваат на интернет преку мобилни телефони пораснал за 17,5% и сега изнесува 365 милиони корисници.
Најпопуларните интернет активности меѓу кинезите се инстант месинџерот, пребарувањето на интернет и блог сервисите.