Кимберлу Хаинеј (37) од Велика Британија, минатиот месец била осудена за смртта на својот син Деклан. Таа била обвинета за смртта на синот поради невнимание и поради фактот што осум месеци го држела телото во нејзината куќа и се однесувала како тој уште да е жив. Обвинителството ги објавило и фотографиите од куќата во која живеела со трупот на својот син. Детето имало неполни две години.
Иследниците веруваат дека детето се задушило поради невнимание на мајката.