Рибата содржи голема концентрација на витамин Д кој е неопходен за нормален раст и развој како и за формирање на коскеното ткиво. А масните киселини кои исто така ги има во изобилие се превенција од најразлични болести на крвоносниот систем и срцето. Затоа диетолозите препорачуваат вклучување на рибата во менито не помалку од два пати седмично. Во текстот што следи ќе ви ја представиме диетата базирана на риба, која трае 10 дена и која ви гарантира лесно но и здраво слабеење.
Наутро почнувате со 2 чаши зелен чај, две јајца варени, кисело млеко, една таблета витамин Ц, што после петиот ден може да се замени со некое овошје по избор.
Во 11 часот – Испиј пред јадење чаша вода. Во почетокот се јаде само половината риба за да го смириш гладот и да го стартираш процесот на варење на храната. После половина час се дојадува рибата гарнирана со варен зеленчук. Ограничете ја консумацијата на сол, а зголемете ја употребата на бибер, кромид, лук, кориандар и босилек кои го забрзуваат метаболизмот. Рибата треба да биде печена и не повеќе од 200 гр.
Ручекот започнува најпрво со две чаши вода пред јадење. Менито се состои од 200 гр печена немасна риба со зелена салата или брокули на пареа и кисело млеко.
17 часот – Најпрво испијте голема чаша вода. Секојдневно треба да се консумира 2-2,5 литри вода. Вечерното мени е исто како и ручекот со таа разлика што рибата можете да ја замените со некои други морски плодови по избор, кои исто така треба да бидат печени и без употреба на маснотии.
Пред спиење испијте две големи чаши зелен чај.