Велат дека за секој воз има патници. Но што ќе се случи ако постојано го одложувате патувањето со надежта дека следниот воз ќе биде подобар од тој кој во моментот е на перонот? Според американската писателка Лори Готлиб, жените кои одбиваат да се омажат, се додека не го најдат Принцот се обрекуваат на осамена иднина. Готлиб ги посочува литературата, киното и телевизиските програми како виновци кои ги потикнуваат жените да го чекаат идеалниот…Темата за чекањето на вистинската љубов (што и да значи тоа) ја превзема коле ктивната свест, вели таа. Таа е самохрана мајка и признава дека жали за тоа, што во младоста го отфрлила и не се омажила за некој пристоен, макар и не толку перфектен маж, а го барала перфектниот.
Секоја жена си има список со квалитети кои сака мажот до неа да ги поседува. Во резултат на тоа таа започнува да очекува од мажите да го исполнуваат сето она наведено во списокот. Очекуваш секогаш да изгледа добро, да е забавен, да те разбира, да те засмева, но ова е практично невозможно. Перфекционизмот може да е добитен во било која друга област, но не и во љубовта. Нема перфектни мажи и затоа помири се со фактот дека нема да го сретнеш Перфектниот. Тоа што можеш да се обидеш да го направиш, е да го извлечеш најдоброто од мажот со кој излегуваш.
Проблемот не е во тоа дека жените несакаат да се обврзат, туку во тоа што не сакаат да ги променат критериумите за мажите и одбиваат да разберат дека нивната визија за перфектен маж им пречи да го сретнат во реалноста.