Холивудската актерка и режисер Анџелина Џоли се спријателила со Џони Деп додека го снимале заедничниот филм “Турист”. Дури се шушкаше дека помеѓу нив двајца се случува нешто повеќе од деловна соработка. Анаџелина сепак се покажала како вистинска пријателка, бидејќи неодамна му се јавила на Џони да му даде поддршка во кризниот период низ кој поминува со својата 14 годишна врска со француската пејачка Ванеса Парадис.
Според британскиот магазин “Now”, актерката се надева дека Џони нема да дозволи врската да му прекине: “Тие двајца останале во контакт по ‘Турист’. Кога слушнала низ што Џони поминува, му се јавила да види како се држи и го советувала да не се откажува лесно од долгогодишната врска”, изјавил извор блисок до актерката. Гласините за кризата во врската на Џони и Ванеса започнаа пред еден месец, а двојката имаат две деца.