Фернандо Флорес, поранешниот телохранител на Бритни Спирс планира да објави книга во која ќе ги открие сексуалните пикантерии од нејзините претходни турнеи, откриваат американските медиуми. Флорес тврди дека потпишал милионски договор за книгата за животот на поп принцезата наречена “Зад затворени врати”.
“Бритни има огромен сексуален апетит. Ми раскажуваше како на турнеите работите и бегаа од котрола. Слушав приказни за ргии, секс во тројка, жешки игри во џакузи и разни други работи”, изјавува поранешниот телохранител и додава: “Таа на турнеите е опкружена со млади, згодни танчери. До оромна количина на алкохол и дрога, работите стануваа малку налудничави”.
Бритни во моментов е верена за својот поранешен менаџер Џејсон Травик, а на последната турнеја, алкохолот бил забранет. Адвокатскиот тим на Бритни Спирс, како и нејзниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн со кој беше во брак во време на наводните случувања, ги отфрлиле обвинувањата нарекувајќи ги неосновани.