Само што успеа да го врати својот углед по скандалот со тепањето на поранешната девојка Ријана, Крис Браун повторно се соочи со недоразбирање. Секси Крис сними нови фотографии за претстојното издание на албумот “Fortune”, а на повеќето од фотографиите позира во долга црно-бела бунда.
Овој потег ја налути PETA, која е немилосрдна кон познатите личности кои носат кожа и крзно бидејќи ги сметаат за идоли и модни икони, па ја поттикнуваат и охрабруваат јавноста да купуваат и носат ваква облека. Неодамна, дури Џенет Џексон ја нарекоа “Grinch of the year”, поради рекламирањето на бунди за модната куќа “Blackglama”, и се чини дека од сега и Крис ќе биде на нивниот црната листа.
Неговата менаџерка Тина Дејвис се надева дека тоа нема да влијае на угледот на Крис и на неговата идна кариера бидејќи секси пејачот за оваа година веќе има договорено неколку снимања кои се дел од неговите подготовки за новиот албум. “Не е важно колку луѓе би сакале Крис да го снема, но неговиот приватен и професионален живот се две различни нешта. А, неговиот талент сјае и во добри и во лоши времиња”, изјави Тина.