Американецот Мајкл Леон е осомничен дека по приведувањето поради кршење на сообраќаен пропис прошверцувал пиштол од 25 сантиметри во затворската ќелија во својот анус.
Иако, физиката тешко ќе може да го објасни тоа, полицијата на државата Џорџија верува дека тој и покрај деталниот претрес за време на приведувањето успеал да го стави пиштолот во својот анус.
Оружјето било пронајдено во неговата ќелија, само еден ден откако бил приведен и однесен во окужниот затвор.
Иако полицијата за времен на претресот не пронашла ништо, тој ќе биде однесен на лекар за да се утврди дали постојат повреди во неговиот анус, како последица од ставениот пиштол.