Палел пари само за да преживее!

popara19 јануари, 20121min00
136186

Планинарот Јонг Чун Ким преживеал два дена под снег палејќи ги сите свои работи кои ги имал за да се загрее.

Планинарот Јонг Чун Ким (66) од Такома, САД се загубил по бурата која настанала на планината Рајниер во државата Вашингтон, а бил спасен после два дена. За среќа планинарот бил здрав и немал никакви повреди. Тој бил во толку добра состојба што не ни заминал на лекарски прегледи, туку веднаш заминал дома со своето семејство.

Јонг се одвоил од групата со која планинарел и се лизнал низ падините. Тој бил искусен планинар, па за да не се замрзне ги палел сите работи кои ги носел со себе. Најпрво ги запалил чорапите, а потоа палел и пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma