Потребни состојки:
125 гр. путер
250 гр. шеќер
250 мл. павлака
3 јајца
400 гр. брашно
1 прашок за печиво
200 гр. какао
2 јаболка
300 гр. малини
100 гр. чоколадни топчиња
Припрема:
Изматете го путерот и шеќерот во посебен сад се додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата и павлаката и продолжете да матите со миксер се додека смесата не се соедини.
Измешајте го брашното и какаото и полека додавајте го во садот со постојано матење. Во калап за печење торти ставете хартија за печење, па врз хартијата истурете ја смесата за чоколадната торта.
Врз тортата ставете парчиња јаболка и малини, па попрскајте ја тортата со шеќер и чоколадни топчиња.
Печете ја тортата во загреана рерна на температура од 180 степени околу 40 минути, па откако ќе се испече оставете ја да се излади околу 10 минути пред да го отстраните калапот. Врз тортата додадете повторно свежи сецкани јаболка и малини и чоколадни топчиња и послужете. Добар апетит!