Како што изгледа, Ева Лонгорија повеќе нема ништо од поранешниот сопруг, бидејќи одлучила да ја отстрани и тетоважата на вратот која е поветена за него.
Ева Лонгорија оваа среда го посетила докторот Татоф, кој е најпознат и најпосетуван доктор во Беврли Хилс.
Па така актерката го започна процесот со кој дефинитивно ќе ја отстрани тетоважата “NINE” од својот врат. “NINE”, т.е. “девет”, беше бројот на дресот на Тони Паркер во Сан Антонио Спарс, а како што изгледа од животот на Ева Лонгорија ќе исчезне и последниот потсетник на бракот со познатиот кошаркар.