Потребни состојки:
700 гр. брашно
250 гр. путер
100 гр. мед
250 гр. боровница
100 гр. шеќер
4 јајца
1 прашок за печиво
2 лажици сок од лимон
Кора од два лимона
½ рендано морско оревче
½ лажица сол
Припрема:
Ставете го медот, путерот и шеќерот во посебен сад и матете се додека не добиете хомогена смеса. Едно по едно додавајте ги јајцата со постојано матење, па додајте го сокот и кората од лимон. Постепено додавајте го брашното, а потоа додадете го ренданото морско оревче и прашокот за пециво. Измесете го тестото, па додадете ги боровниците.
Тестото ставете го во намрсена тава и печете 55 минути на температура од 190 степени целзиусови, па оставете го колачот малку да отстои откако ќе се испече. Послужете го колачот со шоља чај или кафе. Добар апетит!