Жена од Сингапур, која страдала од депресија, живеела цели 932 дена на ВЦ шоља во нејзиниот дом се додека не била извлечена со помош на медицински персонал.
Нејзиниот сопруг Онг Кин Он вели дека таа влегла во ВЦто на 25 мај 2009 година и оттогаш не излегла во наредните две и пол години. Таа јадела, пиела и спиела во тоалетот и постојано велела дека не смее да излезе бидејќи некој фрлал камења по неа.
Пред неколку ена медицинска екипа, со помош на полицијата и нејзиниот сопруг успеале да ја извлечат од тоалетот и таа веднаш била испратена во ментална установа на психијатриско лекување, а потоа се вратила дома и засега е во стабилна состојба.