Kodak објави банкрот

popara22 јануари, 20121min00
9677005514f196e6c07939992882239_orig

Мултинационалната компанија за производство на фотоапарати и фотографска опрема, Eastman Kodak, побарала заштита од банкрот, затоа што не успеа да најде купувач за своите 1.100 патенти за кои се надеваше дека ќе и донесат милијарди и ќе ја извлечат од криза.

Компанијата стара 133 години, со седиште во Рочестер во САД, долго се борела да ги стигне конкурентите кои брзо се прилагодиле на дигиталната доба.

„Коdak сите свои пари ги заработуваше на продажба на филмови за фото-апарати, а потоа се појавија дигиталните апарати и никој повеќе не купуваше филмови. Не е дека тоа не можеше да се предвиди, но Kodak се двоумеше бидејќи не сакаше да си ја уништи својата работа”, изјави Руперт Гудвинс, уредникот на технолошкиот вебсајт ZDNET.

Антонио Перес, извршниот директор на Kodak, изјави дека директорите и целокупното раководство едногласно одлучиле да бараат заштита од банкрот, сметајќи дека е неопходен и коректен чекор за иднината на компанијата.

За можниот банкрот се говореше со недели. Повеќето директори ја напуштија компанијата која минатата недела направила нова, едноставна структура на раководење за да ги намали трошоците и да ја забрза дигиталната трансформација.

Принтерите и дигиталниот софтвер моментално се главните производи на компанијата, и нејзините директори се надеваат дека нивното производство ќе се удвои до 2013.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag