Сил ја изневерил најубавата жена во светот???

popara23 јануари, 20121min00
project-runway-heidi-klum-seal-

Американските таблоиди објавија дека пејачот ја изневерувал манекенката со дадилката која своевремено работела за нив, а Хајди се одлучила за развод, бидејќи повеќе не сакала да ги толерира овие работи…

Веста за разводот на Хајди Клум и Сил ги изненади сите, бидејќи тие навидум изгледаа дека имаат “совршен брак”. Меѓутоа, дека ова не е сосема точно потврдуваат американските таблоиди кои објавиле дека повод за разводот е неверството на Сил. Пејачот наводно ја изневерувал Хајди со дадилката која своевремено работела за нив.

Хајди, не можела да се помири со тоа. Двојката постојано се расправале, а сега познатата манекенка изгледа дефинитивно одлучила дека неможе да помине преку тоа.

Хајди и Сил се во врска од 2004 година, а се венчале во 2005 година. Имаат три заеднички деца – шестгодишниот Хенри, петгодишниот Јохан и тригодишната ќерка Лу, а Сил ја посвоил и најстрарата ќерка на Хајди Клум, седумгодишната Хелен, која манекенката ја добила во претгодишната врска со италијанскиот бизнисмен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag