Диетата вклучува основно месо, риба, пиле, овошје и зеленчук. Појадокот се состои од половина грејпфрут и чаша чај или кафе без шеќер. Ако можете без појадок, сосема исклучете го. Храната се приготвува без маснотии, сол, шеќер, брашно. Лебот и алкохолот се исклучени сосема. Секојдневно треба да пиете 1,5 литри вода, негазирана. Диетата може да продолжи од една седмица до 18 дена. За тоа време можат да се намалат 7-8 кг.
Примерно мени
Појадокот веќе го знаете, ручек едно варено јајце, домат, кафе. За вечера печено или варено говедско месо, краставица и чај.
Наредниот ден може да изгледа вака – за ручек повторно варено јајце, еден домат и спанаќ на пареа. За вечера посна риба печена и зелена салата.
На вас останува да си го комбинирате дневното мени, спазувајќи ги пропишаните правила притоа. Во суштина изборот ви се сведува на месо, овошје и зеленчук.