Помалку калории – подолг живот!

popara24 јануари, 20121min00
z

Помеѓу калоричноста на храната и должината на животот кај луѓето постои директна врска, сметаат американските научници.

Од поодавна во науката е познато, дека ограничувањето на количеството калорична храна го продолжува животот со 30%, но механизмот сеуште не беше научно потврден.

Според Дејвид Синклер и неговите колеги по време на гладување се активираат гените СИРТ3 и СИРТ4 кои го продолжуваат животот на клетките.

За енергетската размена во клетките се одговорни митохондрите. Кога тие ќе се исцрпат клетката станува осетлива и во неа започнува процесот на апотеза односно се активира програмата за самостојно разрушување.

Во процесот на гладување се зголемува синтезата на ферментите кои се кодираат од гените СИРТ3 и СИРТ4. А имено тие ферменти влијаат позитивно на работата на митохондрите и на енергетската размена во клетките, односно го забавуваат стареењето и апотезата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag