Дали и тебе ти недостасува љубовта?!

popara24 јануари, 20121min00
s

Секогаш кога ќе се замеша зборчето љубов работите почнуваат да стануваат сериозни и никогаш не се знае што ќе излезе на крајот. Свети Валентин се наближува и покрај тоа што до скоро не присуствуваше во македонската традиција, празникот навлегува доста брзо во нашето битие и нема како да го заобиколиме, а и зошто би го заобиколувале, кога е поврзан со љубовта, без која никој од нас не може?

Вистината е дека љубовта може да се појави насекаде. Постапувам така како што ми се допаѓа. Причина? Може би никаква. Зошто? Затоа што тоа се емоции. Емоциите немаат логика. Можеби тоа што го мислам се разликува од она што вие го мислите, но во одредена фаза на различното мислење сите ќе стигнеме до заклучокот дека љубовта нема дефиниција.

Ако сакате верувајте, ако сакате не, но вистината е дека ние често бегаме од љубовта, од страв дека ќе ни недостига. А таа сепак ни недостасува и паѓаме на тестот да засакаме некого вистински. Кога времето ќе ја однесе далеку од очите, чувството не заминува со неа и ние продолжуваме да сакаме силно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag