Ослободете се од акните со здрава храна и постојана нега

popara26 јануари, 20121min00
akniiii

Акните се појавуваат како последица на машкиот хормон на надбубрежната жлезда чие ниво се зголемува за време на пубертетот, а го лачат и мажите и жените. Маснотијата е природна супстанца која ја штити кожата и и ава влажност, а во одредени услови клетките кои се близу до површината на кожата го запушуваат отворот на лојните жлеззди и со тоа маснотиите се собираат под кожата.

Ако имате проблеми со мозолките, не користете производи кои во својот состав содржат масла, туку креми базирани на вода. Никако не смеете да заборавите да ја извадите шминката пред спиење и тоа треба да ви биде рутина. Дури и доколку дента не сте нанеле било каква шминка – исчистете ја кожата со млекото кое  ја освежува кожата, а кремата дополнително ја храни.

Не ги разранувајте и не ги стискајте акните пред да созреат. Посетите дерматолог ако акните се повеќе и повеќе ви се појавуваат. Многу фактори влијаат на појавувањето на акните. Пред се,внимавајте какви контрацепциски пилули пиете, какви креми или пилинг за лице користите, бидејќи тие можеби не се најдобриот избор за вашиот тип на кожа.

Избегнувајте да јадете многу мрсна храна, особено мајонез, како и чоколадо бидејќи тие се еден од главните причинители за појавата на акни. Наместо тоа, јадете што повеќе овошје и зеленчук кои дополнително ќе ја хидратизираат и витаминизираат вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag