Лоши навики кои водат до предвремено стареење

popara27 јануари, 20121min00
pusiiiiiii

Предвременото стареење е проблем со кој се почесто се среќаваме. Иако насекаде сме опкружени со младолики жени, всушност истражувањата покажуваат дека жените во светот изгледаат четири години постари од својата вистинска возраст. Причина за тоа се лошите навики како пушењето, алкохолот, лошата исхрана, употреба на солариум и премногу силнaта шминка.

Според истражувањата најстаро изгледаат жените од североисточна Европа, а дерматолозите веруваат дека причина за тоа е фактот дека жените од овој регион употребуваат повеќе алкохол, повеќе цигари и почесто употребуваат солариум.

Па, како да останете младолики? Примарно, експертите советуваат да ги оставите цигарите, а да го намалите внесувањето на алкохол и кофеин, како и редовно да користите заштитни креми. Одбегнувајте ја премногу силната шминка, бидејќи ги затвора порите и ја „старее“ кожата. Секогаш користете шминка направена од природни состојки, чисти четкички за нанесување на шминката и внимавајте на рокот на траење.

Исто така значајно е да имате здрав начин на исхрана богат со овошје и зеленчук, а целосно да ја елиминирате брзата храна. Важно е да конзумирате многу течности, особено чаеви и вода, бидејќи водата е добар сојузник за здрава и младешка кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma