Пет кратки антистрес совети

popara29 јануари, 20121min00
89nht4w

Сите ние би сакале помалку обврски, долг ден, помирен живот… Уште денес можете да му свртите грб на стресот – ако вие тоа го одберете.

Еден од најголемите недостатоци на стресот е во тоа што тој самиот се ”подхранува” себе си. Ве уверува дека неможете да најдете слободно време…Еве како да почнете борба против стресот  дури и кога “немате време”.

Пронајдете ја својата мантра

Запомтете три до пет изреки или мантри кои би ве вратиле во живот кога работите тргнат во лоша насока. На пример: “Го можам јас тоа“ или “Тоа што неможе да ме уништи ќе, ме направи појак“. Или замислете некоја убава слика која ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрес: поглед со најубаво место на плажа, убава планинска патека по која би шетале, или нешто друго кое вам ви е посебно драго.

Бидете благодарни

Тешко е да бидете благодарни кога сте под стрес. Одвоете пет минути во денот да им заблагодарите на стие животни подароци. Започнете со вдишување и издишување, тоа е извор на се што е живот.

Тргнете во вистинска насока

Направете листа на настани кои ве развеселиле во текот на денот исто така и на оние кои ви одземале енергија. Така полесно ќе решите по кој пат треба да продолжите.

Започнете со мали нешта

Не започнувајте со големи промени, започнете од малите нешта. Променете на пример, она што го јадете за појадок. И тоа може да биде почетен чекор на патот кој ќе ве води до живот за кој сонувате.

Редефинирајте ги своите цели

Една киневска поговорка вели: ако имате проблем кој никако неможете да го решите, тогаш можеби тој и не е повеќе ваш проблем. Ако веќе подолго време тежнеете по нешто, а животот добро функционира и без тоа, запрашајте се дали ви е неопходна таа наводна грижа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma