Рижото од цвекло

popara29 јануари, 20121min00
rizoto

Состојки:
•    2 пачиња кромид
•    1 чешне лук
•    4 парчиња варено цвекло
•    1 литар супа од пилешко месо или супа од зеленчук (без тестенини)
•    350гр. ориз
•    2дл. суво бело вино
•    4лажици рендан пармезан
•    25гр. путер
•    Сол
•    Бибер свежо мелен
•    Маслиново масло
Подготовка:
1.    Кромидот и лукот исецкајте ги на ситни коцки, цвеклото исчистете го и исечете на големи коцки. Сите состојки ставете ги во еден сад, па полијте ги со супа и почекајте да зоврие. Оставете да се готви 5-7 минути, па потоа целата смеса соситнете ја со миксер или во блендер. Додадете сол и бибер по вкус. Оставете ја супата на страна
2.    Загрејте две лажици маслиново масло, па на тоа додадете го оризот и мешајте додека оризот не стане стаклест. Полијте го со бело вино и оставете неколку минути да испари алкохолот, потоа постепено додавајте ја супата од цвекло со постојано мешање, па додадете уште од супата околу 18 минути се додека оризот не се свари. Не смее да се превари и треба постојано да се меша и прелива со супата. Оризот треба да биде влажен и кремаст.
3.    Кога оризот е подготвен додадете путер и пармезан. Послужете го рижотото како главно јадење или прилог, посипете го со бибер и прелијте го со малку маслиново масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma