Пирошки со сирење и шунка

popara30 јануари, 20121min00
piroski

Потребни состојки:

4 јајца

4 дл. јогурт

4 дл. млеко

1 квасец

2 лажички шеќер

4 лажици сол

900 гр. брашно

300 гр. сирење

300 гр. шунка

Масло за јадење

Припрема:

Ставете го квасецот и шеќерот во млекото и почекајте квасецот да стаса.

Во посебен сад ставете го брашното, солта, жолчките и јогуртот, па додадете го млекото со квасец и замесете тесто. Тестото треба да биде меко додека го месите. Измесете го и оставете го да стаса, со едно премесување.

Во посебен сад изматете ги белките, додадете го искршеното сирење и ситно сецканата шунка и промешајте.

Развлечете кора со дебелина од 5 мм, па со чаша отсечете ги крофните. На едната половина од кората ставете од филот, па преклопете и краевите стиснете ги со вилушка.

Пржете ги пирошките во загреано масло, па ставете ги на салфетка за да ја упијат вишокот на маснотија пред да ги послужите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag