Моторола испорача само милион таблет-компјутери

30 јануари, 20120
5433606284f22b3ff475bc629537280_orig

Во текот на целата 2011 година Motorola испорачала само милион таблет компјутери, пренесува Business Insider.

Имајќи во предвид дека се работи за број на испорачани, а не продадени, примероци, бројот на оние кои станале сопственици на Motorola таблет во текот на мината година е уште помал.

Во последниот квартал, Motorola испорачала околу 200.000 илјади примероци (Apple, на пример, во истиот тој период испорачал 15 милиони).

Вкупно во текот на минатата година се испорачани 10,5 милиони мобилни уреди, од нив 5,3 милиони смарт телефони.

Нето приходот кој компанијата го остварила во четвртиот квартал изнесува 3,4 милијарди долари, а за целата 2011 година изнесува 13,1 милијарди долари, што е раст од 14 проценти во однос на 2010 година.

Извршниот директор на компанијата Motorola Mobility, Санјаи Јха, изјавил во соопштението објавено на сајтот дека во четвртиот квартал на одличел прием наишол Motorola RAZR, но и дека нова енергија им дава спојувањето со Google, и дека ќе продолжи да се фокусира на креирање на иновативни технологии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi