San Diego е место со идеална клима, недопрена плажа долга 70 километри и низа од светски познати атракции. Брегот на Тихиот Океан, е отворен во текот на целата година за рекреации како: сурфање, едрење, возење со чамец …
Уметноста, културата и кулинарските вештини едноставно во ова место „цветаат“. Најдобрите кулинарски таленти ги подготвуваат наградените јадења ширум регионот и тоа во преку 6.400 објекти. Balboa Park е најголемиот градски културен парк во САД, кој е дом на 15 музеи, бројни уметнички галерии, преубави градини, театри и една од најпознатите зоолошки градини.
Подрачјето San Diego поседува и 92 голф терени, нуди можност за разни и интересни спортови, луксузни одмаралишта и бањи, игри, динамичен окружен центар, специјални годишни настани и единствени понуди за одмор, фестивали и прослави, шарени населби, богата воена историја и многу повеќе.
Ако веќе одлучите да допатувате овде, најтешка ќе Ви биде одлуката што да изберете од богатото мени што Ви го нуди овој град. Што и да биде, ќе Ви претставува огромно задоволство и незаборавно искуство.