Сакате да живеете 100 години?
Еден од најголемите фактори кој одредува колку години ќе живеете, не се вашите гени, туку начинот на кој живеете. Не ве убеди оваа реченица? Едно истражување објавено во 2009 во British Medical Journal, спроведено на 20.000 луѓе од Велика Британија, покажа дека можете за половина да го намалите ризикот од срцев удар доколку: сте физички активни 30 минути дневно, јадете 5 порции овошје или зеленчук дневно, и ги избегнувате цигарите и преголемите количества на алкохол.
Но тоа се едни од поочигледните чекори за постигнување на длабока старост. Истражувачите открија неколку дополнителни совети кои не се поврзани само со исхраната и конзумирањето на цигари и алкохол. Па така тимот на попара ви ги претставува неколкуте совети за постигнување на длабока старост.
Не одете во пензија
„Доказите покажуваат дека во општествата каде луѓето престануваат да работат, се здебелуваат и хроничните болести нагло се зголемуваат по пензијата”, вели Луиџи Феручи, директорот на Истражувањето на стареењето во Балтимор. Кога ќе биде морално да се пензионирате, волонтирајте или вршете некои хуманитарни дејности.
Редовно мијте ги забите
Ова ќе помогне да ги заштитите артериите. Со секојдневното миење на забите ги намалувате или отсранувате бактериите во устата. Таа бактерија влегува во крвниот систем и може да предизвика воспаление на артериите, што пак е еден од најголемите ризици за срцевите болести. Се препорачува забите да се мијат 2 пати дневно.
Движете се
„Вежбањето е единствената вистинска фонтана на младоста која постои”, вели Џеј Олшански, професор по медицина и истражувач на стареењето од Универзитетот во Илионис во Чикаго. „Тоа е како маслото за вашата кола. Не мора да го ставате, но доколку редовно го ставате сигурно колата ќе ви работи подобро,” додава тој. Доколку не можете да вежбате, или не сакате и немате време, препорачливо е пешачење и движење барем 30 минути дневно.
Јадете житарици за доручек
Јадењето на житарици, особено наутро, помага да се одржи шеќерот во крвта на стабилно ниво низ целиот ден, се вели во истражувањето спроведено од Феручи и неговите колеги.
Секојдневно внесувајте протеини и избегнувајте ја масната храна
Редовно јадете храна богата со протеини, како ориз, јајца, пилешко месо, риба, соја. Рибата покрај протеините е богата и со Омега 3 масните киселини кои се најдобар пријател на срцето и го регулираат крвниот притисок.
Спијте најмалку 6 часа секоја вечер
„Спиењето е едно од најважните функции кои нашето тело ги користи за да ги регулира и залечи клетките,” вели Феручи. „Ние пресметавме дека минималното време за доволно да се наспиете е 6 часа,” додаде тој.
Избегнувајте леб, брашно и шеќер
Избегнувајте леб, брашно и шеќер, а повеќе јадете овошје и зеленчук, интегрален леб и житарици.
Бидете помалку невротични
За помалку нервоза се препорачува: Јога, вежбање, медитација, таи чи, или длабоко вдишување неколку минути. Треба да се избегне грицкањето нокти, прекумерното јадење и пиење алкохол.
Создавајте добри навики
Тие што живеат долго, живеат според стриктни рутини, вели Олшански, јадејќи ја истата храна и правејќи ги истите активности цел живот. Одењето во кревет и станувањето во исто време е уште една добра навика. Нарушувањето на дневните навики или воопшто не постоењето на истите, го ослабува вашиот имунолошки систем, и ве остава ранлив на вируси или бактериски инфекции.
Социјализирајте се
Редовните социјални контакти со пријателите и саканите е клуч за избегнување на депресија, која може да доведе до предвремена смрт, особено ова важи за постарите вдовци или вдовици. Некои доктори сметаат дека најголемите придобивки од шетањето на постарите, не е самото пешачење, туку муабетот и дружењето со личноста со која пешачеле.
Бидете совесни
Најдобрата лична карактеристика, која гарантира долг живот е совесноста – а тоа значи, внимателност, упорност и добра организираност, според проектот за старост, изработен од Хауард Фридман и Лесли Мартин.