Јапонецот Хироши Мораик, загрижен за судбината на децата жртви од земјотресот и цунамито кое ја униште Јапонија на 11 март, успеал да претча 370 километри и тоа дриблајќи топка, се со една цел за да собере пари.
27 годишниот јапонец кон средината на јануари тргнал од Токио за да собере пари за децата од опустошениот регион Тохоку.
Со овој чин тој сакал да го привлече вниманието за да се реконструираат училиштата во овој регион и да се истакне дека децата треба да се занимаваат со некој спорт.
По единаесет дневен марш тој стигнал во Сендај и успеал да собере околу 920 евра, а спонзорот кој се приклиучил на неговата иницијатива донирал 1250 евра.