Музичарката Кеша покрај по нејзините песни и музика, позната е по своите необични испади и изјави. Така и оваа недела многубројните фанови ги шокираше со изјавата дека нејзината асистентка ја убедува да носи гумен пенис со појас околу половината и да скока по куќата, бидејќи таа на овај начин се расположува. “На кого не му е забавно да гледа огромен гумен пенис како се тресе? Некогаш кога сум тажна, ја наговарам мојата асистентка да го стави пенисот и да скока низ мојата куќа”, изјавила во интервjуто за магазинот Glamour. “Имам смисла за хумор отприлика како деца од пет години”, заклучила Кеша.
Кеша зборувала и за својот љубовен живот и коментирала како таа ги доживува своите односи со мажите. “Немојте пограшно да ме сфатите, но мажите ги уништувам на неделна основа. Тоа ми е како хоби. Ги јадам за доручек”, објаснува Кеша доста сликовито.