Потребни состојки:
250 гр. лиснато тесто
1 лажица путер
1 праз
1 морков
1 лажица маслиново масло
50 гр. сланина
2 лажици павлака
1 јајце
125 гр. моцарела
50 гр. крем сирење
50 гр. рендан пармезан
½ лажица ситно сецкан босилек
½ лажица оригано
Сол и црн пипер
Припрема:
Исецкајте ја сланината на коцки, празот на кругови и изрендајте го морковот. На масло испржете ја сланината, па додадете го празот и морковот и динстајте неколку минути, па тргнете го тавчето од оган.
Во чинија разматете го јајцето, додадете ја павлаката, пармезанот, крем сирењето и моцарелата, па додадете ги и зачините. Додадете ја смесата од тавчето и промешајте.
Од тестото расукајте кора, исечете кругови поголеми од калапите. Калапите премачкајте ги со маргарин, обложете ги со тестото и наполнете ги со филот. Печете на температура од 200 степени околу 40тина минути, односно се додека тестото не добие златно румена боја. Добар апетит!