„Ко да не е крај“ за Ѓоко Танески

popara8 февруари, 20121min00
gjoko

Деновиве се заврши монтирањето на двете видео стории кои пред крајот на 2011 година беа изработени во Прилеп и Скопје. Станува збор за видео записите за песната „Ко да не е крај“ но и за англиската верзија на истата „I want to break it up” изработени со тимот на Sky Eye Entertainment.

Режисерот на видеото, Илија Тодоровски смета дека видео приказната соодвестува на квалитетот на песната но и на Ѓоко како еден до најдобрите вокали во државава. „Мислам дека извадивме две супер приказни, слични, а со раазлични емоции. Морам да признаам дека условите за снимање беа екстремно тешки, поради ниските температури но сепак со добрата организација, а богами и енергична атмосфера успеавме да се загрееме и да сработиме професионално до крај“, вели Илија.

„Ко да не е крај“ беше изведена на Охрид Фест 2011 година, аранжманот и музиката ги направи Зоран Алексич, додека пак за текстот се потпиша Огне Неделковски. Песната исто така доби награда за најдобар текст на последниот Радиски фестивал – МАРС 2011.

Во текот на месецов Ѓоко заедно со неговиот бенд и дополнителна придружба од музичари ќе го изработи својот прв студиски анплакт концерт во соработка и во организација на МТВ, а во моментов секојдневно одржува проби со целиот состав музичари кои ќе работат на овој проект.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag