Како жени, ние секогаш ја бараме перфектната чанта. Многу слично како потрагата по вистинска љубов. Ако погледнеш во гардероберот ќе откриеш колекција од чанти, кои не ги употребуваш во моментот. Некои од нив се со стил, големи, мали, убави, грозни, скршени. Сите овие карактеристики одговараат и за мажите. Забегано нели? И ако го додадеш чуството за хумор можеш да продолжиш да читаш!
И имај на ум дека секогаш можеш да си купиш подобра! Или пак дека таа колекција токму пролетва ќе пристигне! И дека за мажите од твоето блиско и далечно минато, треба да размислуваш исто толку, колку и за старите заборавени и покриени веќе со прашина чанти, кои веќе не ти се допаѓаат. Ајде во шопинг девојки? Мене ми треба една сезонска летна, вие што ќе изберете?
Чантата што си ја купив пред 10 години кога тој стил беше во мода и што си помислив?„Навистина ли сум ја носела?“ О, да, така е! Момчето со кое си излегувала пред 10 години, сега може да изгледа како кошмар. Но не грижи се, нема потреба да ја носиш таа чанта повеќе!
Чантата што ми се допаѓа, сите останати мислат дека е грозна.Тоа е чанта што навистина е доста откачена, но тебе ти се допаѓа поради нешто или токму поради тоа. Пријателите ти велат дека не ти стои добро, но ти не веруваш и продолжуваш да си ја носиш.
Оваа чанта е навистина убава иста како згодните мачо фраери. За миг си мислиш дека е добро да излегуваш со маж како модел, убавец по кој летаат сите, ама се предомислуваш. Оваа чанта е добра за на парти, за да ги натераш другите да те гледаат со завист, но едноставно таа чанта не си ти.
Оваа чанта е премногу мала. Ја користев кратко време, но навистина не ми одговара на стилот. Точно како мажот кој не може да се справи со ништо. Се однесува како незрело дете, а ти нема зошто да му бидеш мајка. Башка малите чанти излегоа од мода, нели?
Чантата со фабричка мана. Држката, патентот, копчињата. Се нешто и се расипува, случува и не се чуствуваш пријатно кога си со неа. Тоа е мажот кој те навредува без причина. И немаш потреба од таква чанта.
Квалитетна чанта, во убави и топли бои и со “идеалната„ величина – чантата што секоја жена сака да ја има. Сигурна сум дека тоа е мажот што го сакаш. Убав и забавен. Исто како чантата нели?