По операцијата на грлото и забраната за пеење (а и зборување), познатата пејачка Адел повторно ја покажа убавината на својот глас, и тоа по три месеци пауза.
Во интервјуто за американската телевизија CBS, односно за шоуто „60 минути“, кое премиерно ќе биде прикажано во недела веднаш пред доделувањето на Греми наградите, Адел зборува за нејзиното искуство со операцијата на гласните жици.
Адел е вистински фаворит на овогодинешното доделување на Греми наградите и се очекува дека дома ќе си замине со неколку Греми награди. Но она што најмногу ќе ги израдува нејзините фанови е фактот дека нејзиниот глас е сеуште истиот и дека уште долго ќе може да уживаат во нејзината музика.