Животот не е за да чекаш бурата да помине…Тој е за да научиш да танцуваш на дождот!

popara13 февруари, 20121min00
l2

Светот е како огледало пред тебе и ја одразува твојата суштина. Ако погледнеш кон него мрачно – ќе видиш отспротива само тажни и мрачни лица. Ако погледнеш кон него со насмевка – ќе те пресретне весел пријател!

Ако сам се осудуваш и критикуваш – и другите ќе те осудуваат и критикуваат!

Ако сам си причинуваш болка – и другите ќе ти причинуваат болка!

Ако сам се лажеш – и другите ќе те лажат!

Ако сам си безодговорен кон себе си – и другите ќе бидат безодговорни кон тебе!

Ако сам се обвинуваш – и другите ќе те обвинуваат!

Ако сам си емоцинално жесток кон себе си – и другите ќе бидат емоционално дури и физички жестоки кон тебе!

Ако сам не ги слушаш своите чувства – никој друг нема да ги слушне, ни твоите чувства, ни тебе!

Но…

Ако самиот ти се сакаш – и другите ќе те сакаат!

Ако самиот ти се цениш – и другите ќе те ценат!

Ако самиот ти имаш доверба во себе – и другите ќе имаат доверба во тебе!

Ако самиот ти си чесен кон себе – и другите ќе бидат чесни кон тебе!

Ако самиот ти ја спознаеш својата вредност и се цениш доволно –  и другите ќе те вреднуваат поденакво!

Многу едноставно но вистинито – се почнува и завршува со тебе! Впрочем и најголемите животни вистини се такви – кратки и јасни, зарем не?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma