Ова е сигурна добивка, за подобар живот!

popara15 февруари, 20121min00
olr568

Ова не е лото ливче, ова е теорија и животна филозофија! Сте се почуствувале ли некогаш толку виновни кон самите себеси за нештата кои можеа да бидат поинаку? За нештата кои сте ги изгубиле, а откако ќе ги изгубите конечно сфаќате која е вредноста на тоа што некогаш сте го имале? Јас да! Затоа решив да не живеам во минатото, да погледнам во иднината и да ја зграпчам сегашноста! Со други зборови да научам да го уживам и вреднувам тоа што сега го имам, а да целам кон тоа што отсекогаш толку многу го посакував, и да бидам личноста која одсекогаш посакував да бидам, да живеам подобар живот, но неможев…Се е можно!

За да ми се придружувате во овој подобар начин на животот ќе треба да дадете одговор на многу прашања, првенствено кон самите себеси, и да расчистите со многу двоумења за цврсто да пресечете кој пат ќе го изберете, кој да напоменам треба црвсто и сигурно да го чекорите. Оваа теорија нема правила, но има неколку работи кои треба да си ги имате во предвид, а добитната комбинација гласи вака:

1. ЗАЉУБЕТЕ СЕ ВО САМИТЕ СЕБЕСИ!  Истражувајте се самите себеси. Спознајте си ги своите лични мани и предности. Никој не е перфектен, да! Настојувајте да ги искорените своите мани, или минимизирајте ги колку што е можно повеќе. Кријте ги како змијата нозете, а играјте со вашите адути и постојано надоградувајте се!

2. ПОРАЗ НЕ СЕ ПРИФАЌА! Тоа не значи дека треба да ги рушите сите пред себеси само да си ја подобрите својата положба. Практикувајте ја Победник – Победник (win-win) теоријата што значи да не бидете единствениот на врвот! Ќе бидете поисполнети од личноста која сте ја исполниле, а тоа уште повеќе ќе ве зацврсти во секој од овие погледи.

3. СТИМУЛИРАЈТЕ ЈА КРЕАТИВНОСТА, доколку немате други средства, а и доколку имате! Креативноста е пресуден фактор на оваа теорија  која ќе ги тргне „трњата“ од патот до целта која веќе си ја поставивте. Имајте во предвид дека секој човек е креативен, доколку навистина тоа го сака!

4. ИСКОРЕНЕТЕ ЈА МРЗЛИВОСТА стекнувајќи продуктивни навики! Ако не сте моќни тоа да го сторите тогаш подобро престанете да го читате текстов.

5. ЖИВОТОТ НЕ Е ФЕР! Соочете се со тоа! Нема време и место за депресија.

6. ОТВОРЕТЕ ГО СРЦЕТО, но потенцирам не зимајте си ништо при срце, зошто веќе срцето си го дадовте на самите себеси.

7. ЕКСПЕРИМЕНТИРАЈТЕ! Тука лежи забавата во теоријата! Плус ќе ви ја „набилда“ креативноста.

8. БИДЕТЕ СВОИ И РАЗЛИЧНИ! На тој начин ќе се идентификувате, а доколку згрешите нема да зажалите зошто знате дека барем Вие ги направивте грешките и лесно ќе ги прифатите и исправите. Затоа не прифаќајте многу совети од страна, зошто нема никој друг да „прими куршум“ место вас.

9. ПРЕЦЕНУВАЈТЕ СЕ кога некој ве подценува! Функционира, но внимателно да не ја изгубите контролата, може да има несакани последици.

10. ОСТАНЕТЕ ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ И ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ! Запомнете: ЗАБАВА, СРЕЌА И ЉУБОВ! Телото старее но немојте никогаш да дозволите и духот да ви старее!!!

Знаете има многу вакви слични филозофии кои ни кажуваат што и како да правиме во животот, но еве ги фактите на во кој сум сигурен дека оваа мојата навистина функционира: Уште повеќе се заљубив во себеси пишувајќи го ова; Ја стимулирав креативноста; Jа утепав мрзливоста; ја поделив победата со вас; Го отворив срцето; Eкспериментирав; Бев различен; Mалку се преценив, а пред се: СЕ Забавував! Ако успеав со ова да допрам до некој од вас и да ви ги сменам вашите погледи кон подобро, успеав да стигнам и до мојата цел! J

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma