Ако животот е игра – ова се правилата

popara18 февруари, 20121min00
1
  1. Ќе добиеш тело. Дали ќе ти се допадне или ќе го мразиш, тоа ќе си биде твое цело време додека си на земјата.
  2. Ќе учиш лекции. Запишан си во целодневно неофициално училиште, наречено Живот. Секој ден имаш можност да научиш нешто ново во тоа училиште. Тоа може да ти се допадне или да ти се види глупаво.
  3.  Нема грешки, има само лекции. Растењето е процес на проби и грешки, експериметнтирање. Неуспешните проби се исто така дел од процесот, како и оние проби што на крај ќе бидат успешни.
  4. Лекцијата се повторува, се додека не се научи. Една и иста лекција ќе ти биде давана на различни начини, додека не научиш. Тогаш продолжуваш со следната.
  5. Учењето нема крај. Нема дел во животот кога нема да учиш. Додека си жив, ќе има лекции кои ќе треба да ги научиш.
  6. „Таму“ не е подобро од „тука“. Кога твоето “таму” ќе стане “тука”, ти ќе го откриеш другото “таму”, кое паќ ќе изгледа подобро од “тука”.
  7. Другите за тебе се само огледала. Не можеш да сакаш или да мразиш нешто во некого, ако во него го гледаш одразот на она што го сакаш или мразиш во себе.
  8. Од тебе зависи како ќе го проживееш животот. Располагаш со сите инструменти и ресурси, кои ти се неоходни. Како ќе ги искористиш, зависи единствено од тебе. Изборот е твој.
  9. Одговорите од кои имаш потреба се во тебе. Одговорите на прашањата поставени од Животот и нив ги носиш во себе. Треба само да гледаш, да слушаш и да веруваш.
  10. Ќе го заборавиш сето ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag