Згодната Џенифер Анистон е позната по нејзиниот беспрекорен моден стил кој се базира на елеганција и едноставност, така што во изборот на нејзината облека никогаш не може да тргне наопаку, бидејќи формулата на нејзиниот пристап кон модата е: “Колку помалку, толку подобро”. На премиерата на филмот “Wanderlust”, Џенифер повторно го покажа својот префинет вкус и блескаше во пепито фустан со потпис на Том Форд и едноставна црна салонка. Фустаните со голем волумен на струкот ќе биде голем хит следната сезона, а како и обично, Анистон го препозна овој тренд меѓу првите.