Необичен вкусен пудинг

popara18 февруари, 20121min00
vkusen puding

Потребни состојки:

10 парчиња стар леб (без корка)

3 шољи врело млеко

¼ лажичка сол

3 јајца

1 лажица ванилин шеќер

100 гр. шеќер

¼ шоља суво грозје

1/2 лимон

За сос:

4 лажици путер

250 гр. шеќер во прав

1 лажица екстракт од ванила

3 лажици виски или рум

2 жолчки

1 неутрална павлака

Припрема:

Натопете го лебот во млекото и додадете ја солта.  Изматете 3 жолчки со шеќерот, додадете ја ванилата, кората и сокот од ренданиот лимон и сувото грозје.

Изматете ги белките во снег и додадете ги во смесата со жолчки, па со оваа смеса прекријте го натопениот леб. Протресете ја тавата за печење и печете во загреана рерна 45 минути на температура од 180 степени.

За сосот промешајте ја павлаката со румот или вискито, шеќерот во прав, путерот и ванилата и гответе на умерен оган се додека смесата не проврие. Тргнете ја од оган, додадете две матени жолчки и вратете ја повторно на тивок оган околу 2 минути.

Во стаклени садови за пудинг ставете од испечениот пудинг прелиен со сосот и послужете додека е топло, но може и на собна температура. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag